Претходна статија
4 август клучен за донесување на спорните ДУП-ови во Центар
Следна статија
Продадени девет парцели за изградба на куќи во населбата „Јака“

За една година од Велес кон Скопје ќе се вози по реконструиран автопат

Објавено на 28.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Започна реконструкцијата на автопатската делница Велес – Катланово во должина од 23,5 километри. Со грант од ИПА компонентата за регионален развој и со финансиски средства од државниот буџет, во наредните 12 месеци ќе се реализира санацијата на еден од најфреквентните патни правци во Македонија. Финансиската конструкција на проектот изнесува 5,7 милиони евра. Со рехабилитацијата на автопатот ќе се замени асфалтот по целата должина, ќе се постави нова хоризонтална и вертикална сигнализација, ќе се постават нови банкини и заштитници, а критичните точки каде што се појавуваа одрони ќе се третираат со мрежи за заштита од одрони .

 

извор: Министерство за транспорт и врскиизвор: Министерство за транспорт и врски

 

 

Изведувач на градежните работи на терен е австриската компанија „Штрабаг АГ“. Паралелно со овој градежен зафат, со финансиска поддршка од НАТО во висина од 8,6 милиони евра, во тек е спроведувањето на санација на мостовите долж автопатот Велес – Скопје. Со овој паралелен проект целосно ќе се обноват 13 мостови на оваа делница. Проценките се дека двата проекти би завршиле еден по друг, и тоа најдоцна до септември 2015 година.

 

На денешното свечено отпочнување на градежните работи на локацијата на излезот од Велес присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.