Претходна статија
Новата кичевска болница ќе биде готова до април 2019 година
Следна статија
Уредувањето на коритото на Липковска река ќе заврши до крајот на годинава

За две години треба да заврши изградбата на битолскиот стадион

Објавено на 22.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Битолскиот градоначалник Владимир Талески денеска изврши увид во градежните работи за изведба на новата северна трибина на стадионот под „Тумбе Кафе“. Тој оцени дека активностите на терен се одвиваат во согласност со предвидената динамика. Целата инфраструктура под објектот е завршена, а наскоро ќе биде поставена основната плоча за новата трибина. „Проектот е предвиден во повеќегодишните програми и го финансира Општина Битола. Очекувам веќе следната градежна сезона новата локална самоуправа да ја заврши северната трибина, а следните две години и целиот стадион“ изјави Талески.

 

 

Новата северна трибина ќе има капацитет од 4.000 гледачи. По нејзиното завршување, планот е да се изврши реконструкција и на постојната јужна трибина. Фудбалскиот стадион во Битола во иднина ќе може да прими 12.000 гледачи. За реализација на целокупниот проект се потребни над 6,2 милиони евра. Објектот ќе има посебни ложи за судиите, простор за директен пренос на натпреварите и други содржини неопходни за одржување на меѓународни натпревари. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе инвестираше во санација на фудбалскиот терен и поставување на рефлектори за ноќни натпревари. ФФМ  планира да инвестира и во изведбата на двете споредни трибини на стадионот.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект