Претходна статија
Новиот изглед на плоштадот „Македонија“ оди на втор тендер
Следна статија
1,9 милиони евра за проектирање на експресниот пат Штип - Радовиш

За два месеци треба да заврши санацијата на патот Тетово – Јажинце

Објавено на 19.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Регионален пат Тетово - ЈажинцеМинистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, заедно со директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски и претставници на тетовските општини, извршија увид на градежните работи за реконструкција на регионалниот пат Р1203 од Тетово до граничниот премин Јажинце. Во текот на летните месеци целосно е завршена санацијата на околу 4 километри, а со зафатот е предвидено да се обноват вкупно 16 километри од овој патен правец. Во претстојниот период треба да се интензивираат активностите преку зголемување на градежната оператива на терен, така што реконструкцијата би требало да заврши во текот на ноември годинава. Изведувач на санационите работи е скопски „Бетон“, кој во текот на јули годинава потпиша договор со Агенцијата за државни патишта во висина од околу 1,8 милиони евра.

 

За време на денешната обиколка, министерот Миле Јанакиески изнесе информации за крупните инфраструктурни проекти што ќе се остварат во текот на наредната година. „Од големите инфраструктурни проекти веќе се одобрени средства и во финална фаза е доставување закон за патните правци Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Тоа се големи патни инфраструктурни проекти што се дел од нашата програма и очекувам многу скоро да почне изградбата на овие важни патни делници“, истакна министерот Јанакиески. Во тетовскиот регион, во 2014 година е предвидено да се комплетира реконструкцијата и на стариот пат од Тетово до Гостивар.