Општина Бутел и градежната фирма „Вардарградба“ денеска потпишаа договор за довршување на новата зграда на основното училиште „Живко Брајковски“ во населбата Бутел 1. Во согласност со предвидената динамика, училиштето ќе биде довршено во рок од девет месеци, а на „Вардарградба“ ќе и бидат исплатени 66,5 милиони денари, односно околу 1,1 милион евра. Втората фаза од проектот финансиран со кредит од Светска банка ќе опфати изведба на занаетчиски работи, вклучувајќи приклучок на гас и спроведување на мерките за енергетска ефикасност во зградата. Вкупната корисна површина на училиштето ќе изнесува 5.000 метри квадратни и во него настава ќе посетуваат околу 500 деца во една смена.
На местото на старите и дотраени бараки на училиштето веќе е изградена карабината на новиот објект, како прва фаза од остварувањето на овој проект. Карабината ја изведе фирмата „Галаб Инженеринг“ и истата чинеше 728.155 евра.