Претходна статија
Значителен пораст на бројот на предвидени станови во текот на февруари
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Четириесетина нови споменици и скулптури денеска осамнаа во центарот на Скопје

За „барокното“ здание на „Водовод и канализација“ ќе се одвојат уште 240.000 евра

Објавено на 05.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Управна зграда на ЈП „Водовод и Канализација“Нов договор за реализирање на непредвидени и дополнителни работи на идната „барокна“ зграда на ЈП „Водовод и канализација“ под скопското кале. Јавното претпријатие го склучи договорот без претходно објавување на оглас, со скопската подружница на австриската градежна компанија „Алпине Бау ГмбХ“ во вредност 14.728.105 денари или околу 240 илјади евра. Како образложение за ваквиот потег се напоменува дека со дополнителните активности ќе се „обезбеди стабилност на објектот, правилен тек на работите и нормално користење на изградениот објект“. Вкупната сума за изградба на ова здание нарасна на 624 милиони денари или над 10,1 милиони евра, финансиски средства обезбедени од буџетот на ЈП „Водовод и канализација“. На терен објектот досега е завршен на ниво на карабина и во моментов градежните работници го изведуваат покривот.

 

Во согласност со идејното решение на архитектот Жарко Чаушевски, новата зграда на „Водовод и канализација“ ќе биде висока 21 метар, ќе има 5 ката и подземен паркинг на три нивоа со капацитет за 138 возила. Површината за градба изнесува 5.326 метри квадратни, додека подземните нивоа на зданието ќе се простираат на 5.334 метри квадратни. Градежните работи на овој проект започнаа во декември 2011 година и треба да финишираат најдоцна до декември 2014 година. Изведувач е австриската компанија „Алпине Бау Гмбх“, а надзорот го врши „Прима Инженеринг“ од Скопје.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект