ЈП „Паркови и зеленило“ во изминативе 6 месеци успеало да подигне и реконструира 50.690 метри квадратни зелени површини, информираат од Град Скопје. По должината на парковите, булеварите и во вонградското зеленило се засадени цвеќиња од повеќе видови на зеленило со површина од 7.566 метри квадратни. На популарните излетнички места, рекреативните центри и парковите била поставена нова урбана опрема. Во парк-шумата Водно биле поставени четири видиковци, петнаесетина комплети со клупи и маси и две заштитни дрвени огради. Паркот на природата „Гази Баба“ бил збогатен со два видиковци, додека во паркот во Чаир е поставен еден видиковец и два рекреативни елементи.
*Извор на фотографија: Град Скопје
Градските власти информираат дека во првото полугодие од годинава биле подигнати и реконструирани за 35% повеќе зелени површини во однос на истиот период лани. ЈП „Паркови и зеленило“ е одговорно за да одржува 51.837.915 метри квадратни градско и вонградско зеленило на подрачјето на главниот град.