Претходна статија
Избран консултант за изградба на новиот објект на Драмски театар
Следна статија
Кракот од „Јужен поток“ ќе го гради заедничка компанија основана од „Газпром“ и „Македонски енергетски ресурси“

За 18 месеци ќе биде завршен патот до Сончев град

Објавено на 22.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски, заедно со други претставници на државната и локалната власт, денеска формално го означи почетокот на активностите за реализација на регионалниот пат Р2138 во должина од 4,4 километри, со кој планираната населба Сончев град и општината Сопиште ќе добијат директна патна врска со центарот на Скопје. Патот чие пробивање всушност започна пред две седмици, ќе се состои од две коловозни ленти со ширина од по три метри и истиот е предвидено да се изгради во рок од 18 месеци. Од државниот буџет за овој проект се издвоени 6,7 милиони евра, а како изведувач на градежните работи пред четири месеци беше избрана компанијата „Гранит“ од Скопје. За надзорот се задолжени „Геинг“ и „Евро Консалтинг“. Трасата на новата сообраќајна врска ќе започнува од населбата Водно и ќе завршува со поврзување на постоечкиот пат Кисела Вода – Сопиште – Говрлево.

 

##

 

 

Покрај овој проект, Агенцијата за државни патишта, во соработка со македонската влада, во моментов работи на изградба на регионални патишта во должина од 120 километри, со вкупна инвестиција од 940 милиони денари. Премиерот Никола Груевски во денешниот говор најави дека населбата Сончев град ќе започне да се гради на почетокот на наредната година. Инвеститор во огромниот проект е турскиот „Џеваир Холдинг“, кој во моментов ги гради и облакодерите во населбата Аеродром.

 

 

» Форумска дискусија за Сончев град