Претходна статија
Конкурс за избор на идеен и главен проект за санација и надградба на Канцеларијата за врски во Атина
Следна статија
Архитектката Даница Павловска добитничка на Наградата „13 Ноември“

Втора шанса за скопјани годинава да добијат субвенции за набавка на печка на пелети

Објавено на 01.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Град Скопје денеска го објави вториот јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на печки на пелети за 2018 година. Сите жители на главниот град што ќе набават печка на пелети од 1 ноември до 30 ноември, ќе ја имаат можноста да повратат до 70% од трошоците направени при набавка на печката на пелети, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Јавниот повик ќе трае до 30 ноември, односно до исцрпувањето на предвидените буџетски средства за оваа намена.

 

Доделувањето субвенции на граѓаните ќе се одвива по принципот „прв дојден прв услужен“. „На јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот“ информираат од Град Скопје.

 

Заинтересираните граѓани треба да достават целосна документација до Град Скопје, која што вклучува: барање за надоместок, фотокопија од лична карта, изјава заверена на нотар дека граѓанинот или член на неговото семејство нема искористено право на поврат на средства од некој друг извор, фотографија од дотогашната печка на дрва, јаглен, нафта или мазут што се користела претходно, фискална сметка или фактура за набавеното ново грејно тело, фотокопија од трансакциска сметка и фотокопија од број на поднесено барање до архивата на Град Скопје за издавање на потврда за платен данок заклучно со 2017 година.

 

Како што информираат од Град Скопје, на првиот повик распишан во мај годинава биле доделени 187 субвенции за набавка на печки на пелети.