Претходна статија
Возобновена црквата „Св. Илија“ половина век по потопувањето на Глобочица
Следна статија
АЕК ќе донира милион евра за изградба на Панорамското тркало

Втора фаза од изградбата на општинската зграда во Карпош

Објавено на 15.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Општина КарпошПо подолготраен прекин на активностите на градилиштето, Општина Карпош ја продолжи изградбата на новата општинска зграда. Од локалната самоуправа денеска информираа дека во моментов се реализира втората фаза од изведбата на административниот објект. Периодов се работи на поставување на парапетни ѕидови на катовите, по што ќе се премине на изградбата на внатрешните преградни ѕидови. Во оваа фаза се изведуваат и приклучоците за водовод, фекална и атмосферска канализација. Локалната самоуправа се одлучи да ја промени проектната документација за покривната конструкција, па така наместо „шед конструкција“, на покривот од зградата ќе се изведат куполи, додека отворите надворешно ќе бидат застаклени со ПВЦ столарија.

 

Работите за довршување на општинската зграда во треба да ги реализира бугарската фирма „Неотех инженеринг“ од Софија, со која општина Карпош потпиша два договори кон крајот на изминатава пролет. Покрај втората фаза од изградбата, бугарската фирма ќе го уреди и канцеларскиот простор за администрацијата во текот на следната етапа од градителскиот проект. За доградба на административната зграда од локалниот буџет беа издвоени финансиски средства во висина од 88.235.293 денари или околу 1,4 милиони евра. Овој објект почна да се гради на почетокот од октомври 2012 година.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект