Претходна статија
Штипјани ќе добијат рекреативна велосипедска патека
Следна статија
„Визер“ ги промовираше летовите до Берлин, Копенхаген и Братислава

Втор тендер за доградба на жичарницата на Водно

Објавено на 28.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски не успеа да избере изведувач на проектот за изградба на жичарница од Средно Водно до Институтот за белодробни заболувања во скопската населба Водно. Поради неуспешниот тендер, надлежното министерство денеска распиша втор по ред тендер за реализација на овој инфраструктурен проект. Проценетата вредност на втората секција од жичарницата на Водно е 378.813.559 денари, или околу 6,1 милиони евра без вклучен ДДВ. Врз основа на објавените податоци од Бирото за јавни набавки, изградбата на жичарницата треба да се оствари во период од 12 месеци. Вкупната должина на втората секција ќе изнесува 1.600 метри.

 

 

 

Компаниите имаат рок до 13 мај за да ги поднесат своите понуди на тендерот. Проектната документација за оваа секција е веќе изработена од австриската фирма „Допелмаер“, и тоа во пакет со останатите две секции. Првиот тендер за реализација на новата секција од жичарницата на Водно беше објавен кон крајот на декември 2015 година. Жичарницата на потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст беше пуштена во употреба на почетокот од јуни 2011 година.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk