Општина Центар продолжува со вториот дел од реконструкцијата на улицата „Питу Гули“ во скопската населба Водно. Планирано е да се постави атмосферска канализација и да се изгради водоводна мрежа, по што би следувало асфалтирање на улицата и на тротоарите, за што се алоцирани вкупно 28,8 милиони денари. Изведувач на градежните работи е „Бауер БГ“. Инфраструктурниот зафат доаѓа по реализацијата на првата фаза од реконструкцијата на оваа скопска улица. Пред три години беше комплетирана фекалната, атмосферската и водоводната мрежа во должина од 340 метри. Тогаш се постави нов асфалт, тротоари и осветлување на дел од улицата.