Претходна статија
Професорот по геотехника Милорад Јовановски добитник на почесен златен медал за заслуги во Австрија
Следна статија
Kлиничкиот центар во Скопје ќе се гради во Ѓорче Петров

Возовите меѓу Скопје и Приштина во иднина би се движеле со 150 km/h

Објавено на 06.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Косовската влада денеска потпиша договор за реконструкција на пругата од Приштина до Хани Елезит (Генерал Јанковиќ). Договорот за рехабилитацијата на железничката инфраструктура е потпишан меѓу косовското државно претпријатие „Инфракос“ и италијанскиот изведувач ГЦФ (Generale Construzioni Ferrovarie). Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вети дека реконструктивниот зафат ќе трае 24 месеци, при што најдоцна до почетокот на 2021 година Косово би добило квалитетна железница со движење на возовите од речиси 150 километри на час.

 

*Постојната железничка пруга Скопје – Приштина кај скопското село Волково

 

Проектот вреден 210 милиони евра е заедничка инвестиција на косовска влада, Европската банка за обнова и развој и средствата обезбедени од ИПА фондовите на ЕУ. Станува збор за проект со кој Косово повторно би се приклучило со сопствен железнички крак на паневропскиот Коридор 10. Агрон Тачи, директор на Косовските железници изјави дека следната недела ќе следи почетокот на рехабилитацијата на друга секција со должина од 40 километри, со што Косово во првата половина од 2021 година би добило санирана железничка инфраструктура во должина од речиси 100 километри.