Претходна статија
Градот Скопје со мурали сака да се искупи за „барокизацијата“ на фасадите
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Заврши втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“

Во завршна фаза проширувањето на улицата Тодор Александров

Објавено на 29.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Проектот за реконструкција и проширување на дел од улицата Тодор Александров (Салвадор Аљенде) е во завршна фаза и неговата целосна реализација ќе биде комплетирана во наредниот период. Главната сообраќајница во скопската населба Водно денеска ја посети градоначалникот Коце Трајановски, којшто изврши увид во градежните работи. „Улицата Тодор Александров е реконструирана и проширена на потегот од крстосницата со булеварот Мајка Тереза и улицата Белградска, кај ОУ „Кочо Рацин“, до кракот на оваа улица што води кон Панорама, во должина од околу 600 метри“ вели градоначалникот Коце Трајановски.

 

*Извор на фотографии: Град Скопје

 

На оваа траса од улицата се изведени три сообраќајни ленти, додека од двете страни на коловозот се оформени велосипедски патеки и тротоари со променлива ширина. Градежните работи беа искористени за реконструкција на дел од атмосферската, водоводната и фекалната мрежа, а поставено е и ново осветлување долж целата траса. За изведувач на овој проект беше избрана фирмата „Жикол“ од Струмица, додека од градскиот буџет за проектот се инвестирани околу 39 милиони денари.