Претходна статија
Спомен - обележје на Горан Стефановски ќе биде подигнато спроти кафеаната „Идадија“
Следна статија
Првата регионална депонија по европски стандарди би се градела во Свети Николе

Во Велес ќе се гради затворен базен

Објавено на 01.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Велес планира да гради затворен базен, а постојниот отворен градски базен да го реконструира. Велешкиот градоначалник Аце Коцевски на денешната прес – конференција информираше дека идниот спортски објект ќе се гради веднаш до постојниот отворен базен во Велес. „Објектот е со димензии 20,4 х 30,4 метри, со висина од 5,6 метри. Самата водена површина, која ќе биде изведена со 4 ленти, е 25 х 9 метри. Базенот ќе биде со длабочина од минимум 80 сантиметри до 1,2 метри“, изјави градоначалникот Коцевски.

 

 

Локалната самоуправа планира идниот пливачки комплекс да го реализира етапно. Годинава најпрво е предвидено да се реконструира отворениот градски базен, за што ќе бидат неопходни 50.000 евра. Општината ќе се обиде да пронајде адекватен модел за реализација на проектот, но е подготвена и самата да инвестира буџетски средства за оваа намена. Откако би завршил реконструктивниот зафат на отворениот базен, општината би се насочила кон изнаоѓање решенија за изградба на идниот затворен спортски објект.