Претходна статија
Изложба „55 години сеќавање - од архивите на еден град“ во НУБ „Св. Климент Охридски“
Следна статија
ЛУКОИЛ ја отвори 30-та бензинска станица во Македонија

Во ТЕ „Осломеј“ ќе се гради нов котел за користење на увозен висококалоричен јаглен

Објавено на 26.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска најави дека во ТЕ „Осломеј“ ќе се гради нов котел за ползување на увозен висококалоричен јаглен во производството на електрична енергија. Одговарајќи на пратеничко прашање, тој појасни дека станува збор за долгорочно решение со кое ќе бидат имплементирани сите стандарди од аспект на заштитата на животната средина. Реконструкцијата на постојниот котел е отфрлена како опција за оваа термоелектрана, така што веќе е извесно дека ќе мора да се гради нов котел. Главната предност на ваквиот проект би било користењето на увозен висококалоричен јаглен.

 


* извор: ЕЛЕМ

 

Електрани на Македонија минатата година изработија рударски проект за санација и рекултивација на рудникот Осломеј, за што беа издвоени 1,4 милиони денари. Идејата беше со ваквата документација да се предложат дополнителни локации за искористување на јагленот во околината на Осломеј. Сепак, експертизата покажала дека јагленот за експлоатација се наоѓа под куќи и имоти коишто не можат да бидат уништени.