Претходна статија
ТЕМА: Изградбата на станови повторно атрактивна инврстиција
Следна статија
Жерновски ќе го бара државното земјиште од Груевски

Во струшко Калишта и во Дојран ќе никнат туристички развојни зони

Објавено на 09.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Хрватската експозитура на консултантската куќа „Horwath i Horwath Consulting“ ги изработи физибилити студиите и мастер плановите за развој на планираните туристички развојни зони во струшкото село Калишта и во Дојран. Зоната со површина од 14 хектари на крајбрежјето долж Охридското езеро ќе биде лоцирана во близина на црковниот комплекс во Калишта. Во рамките на туристичкиот комплекс се предвидени хотели, 90 апартмани, 30 вили со капацитет од околу 1.000 соби за сместување, плажа, спортски објекти и други содржини.

 

* Визуелизација на туристичката зона во Калишта

 

Туристичката зона во Дојран ќе биде со површина од 32 хектари и ќе биде лоцирана на 2 километри од центарот на Стар Дојран. Потенцијалните инвеститори на овој простор ќе можат да ги вложат своите пари во изградба на хотелски комплекс за околу 1.700 гости, ресторани, спортски терени, бунгалови, отворен театар и други пропратни зданија. Градежното земјиште во двете туристички развојни зони ќе се продава по почетна цена од едно евро за метар квадратен.

 

Министерството за транспорт и врски во мај 2014 година потпиша договор за изработка на неопходната документација за сите туристички развојни зони. За оваа намена од државниот буџет се издвоија средства во висина од 10.566.192 денари или околу 170 илјади евра.