Претходна статија
433 македонски домаќинства со субвенции за купените печки за пелети
Следна статија
Наредната недела ќе се знае дали ќе се затвори рудникот Казандол

Во Струга ќе се градат два кружни тека и ќе се реконструира улицата „Пролетерски Бригади“

Објавено на 14.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Наскоро ќе започне реконструкцијата на една од главните сообраќајници во Струга. Општинските власти планираат да изградат два кружни тека на улицата „Пролетерски Бригади“ и да го санираат коловозот на дел од оваа траса. Двата кружни тека би се вовеле на потегот од раскрсницата на оваа улица со магистралниот пат Струга – Ќафасан до улицата „Маршал Тито“ во строгиот центар на градот. За изведба на градежниот проект е проценето дека ќе се одвојат околу 40 милиони денари од општинскиот буџет на Струга.

 

*Раскрсницата меѓу улиците „Пролетерски бригади“ и „Маршал Тито“ на влезот во чаршијата

 

Заинтересираните компании за учество во тендерската постапка имаат рок до 3 април за да ги достават своите понуди. Идниот изведувач на градежните работи ќе се избере врз основа на понудената најниска цена. Времетраењето на идниот договор за изведба на проектот е една година, при што избраната фирма ќе има рок од 90 дена за да го реализира зафатот по добивањето на налог за работа.