Општина Штип забрзано работи на изведба на втората фаза од обиколницата на градот. Штипскиот градоначалник Благој Бочварски изврши увид во градежните работи во населбата Пребег. Во моментов се работи на сегментот помеѓу улиците Гоце Делчев и Алумина, каде што е предвидено да се гради нов кружен тек. Реализацијата на втората етапа од овој проект е во средна фаза од нејзината изведба и истата треба да биде завршена во претстојниве месеци. Од општинскиот буџет за овој градежен зафат се издвоени 10,5 милиони денари.
*Извор на фотографија: Општина Штип
Проектот за изградба на штипската обиколница започна да се изведува во 2017 година, а досега е завршена првичната фаза од оваа сообраќајница. Неговата реализација ќе овозможи нова патна врска меѓу периферните штипски населби и тамошната индустриска зона преку пробивање на сообраќајница и изведба на мост на реката Брегалница.