Претходна статија
Заврши реконструкцијата на Музејот на Старата скопска чаршија
Следна статија
„Купи куќа, купи стан“ не ги исполни владините очекувања

Во Прилеп ќе се постави споменикот „Прилепски бранители“

Објавено на 22.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ново футуристичко спомен – обележје „Прилепски бранители“ во висина од 15 метри ќе се подигне во центарот на Прилеп. Локалната самоуправа од градот планира да го постави споменикот на новиот кружен тек, на вкрстувањето на булеварот „Гоце Делчев“ со улицата „Димо Наредникот“.

 

 

 

 

Идејното решение на делото кое ќе биде изработено од челична конструкција веќе е готово, а во моментов тече тендерскиот рок за пријавување на компаниите кои се заинтересирани да го реализираат обележјето на прилепските бранители и паднатите жртви од воениот конфликт во 2001 година.

 

 

 

 

Од општина Прилеп соопштуваат дека неговата впечатливост ќе доаѓа до израз во вечерните часови преку специјалното осветлување кое на временски интервали ќе ја менува бојата.

 

 

 

 

Градот под Марковите кули веќе има едно обележје на загинатите бранители кај месноста „Карпалак“ во 2001 година. Локалната власт вложи финансиски средства во висина од 30 милиони денари во реализацијата на споменикот „Карпалак“, кој и беше претставен на македонската јавност во мај 2011 година.