Претходна статија
Косово ќе гради автопат кон Скопје, Македонија концесионира
Следна статија
Грчката државна компанија единствена заинтересирана за ХЕ „Чебрен“

Во Охрид се гради нов хотел со пет ѕвездички

Објавено на 02.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Туристичката агенција „Фибула ер травел“ во Охрид гради нов хотел со пет ѕвездички во непосредна близина на спортско – рекреативниот центар „Билјанини извори“. Во моментов се изведува армирано – бетонската конструкција на објектот, при што досега е завршено приземјето и првите два ката. Со целосната реализација на овој проект, Охрид по подолг временски период би добил дополнителен сместувачки капацитет за привлекување на поголем број туристи. Покрај хотелските соби и угостителските содржини, идниот хотел ќе има конгресни сали, фитнес сали и други спортски содржини. Според првичните најави, во овој проект ќе се вложат повеќе од 50 милиони евра.

 

 

 

Во наредниот период инвеститорот ќе треба да соопшти кој од меѓународните ланци на хотели ќе управува со ова здание, обврска која ја презеде при купувањето на градежното земјиште. „Фибула ер травел“ во август 2011 година купи две градежни парцели наменети за изградба на хотели. За двете локации со површина од 13.459 и од 4.738 метри квадратни плати околу 20.000 евра. Покрај изградбата на нов објект во Охрид, оваа туристичка агенција периодов ја привршува и реконструкцијата на хотелот „Изгрев“ во Струга.