Претходна статија
Распишан Конкурс за идеен проект за новата градска болница во Аеродром
Следна статија
„Југохром“ почна да ги поставува филтрите обезбедени со владина помош

Во недела галерија на урбана уметност во сутеренот на ГТЦ

Објавено на 14.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Во рамките на проектот „Градот убав“ ќе се реализира првата отворена галерија на урбана уметност во постоечки архитектонски контекст. Настанот ќе се одржи во недела, 17 јуни, со почеток од 20 часот, во сутеренот на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје. Со свои авторски дела во две категории – street art и graffiti ќе се претстават 19 македонски уметници. На потпорниот ѕид во сутеренот на ГТЦ ќе бидат претставени нивните уметнички дела. Целта на оваа интервенција е да им се даде простор на домашните автори да реализираат дело посветено на Скопје.

 

 

Иницијатор на овој настан е архитектот и уметник Филип Конески, а организатори се Младинскиот културен центар, Град Скопје и Градскиот трговски центар. Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation). На настанот ќе земат учество следниве уметници: Антонио Илиевски, Блаже Атанасков, Давор Кешкец, Драган Китановски – Драш, Ермал Мусовиќ и Васил Димовски – Страјк, Цветан Неделковски, Ирина Цоневска, Иван Петрушевски – Флим, Изабела Иванишевиќ, Марјан Димиќ, Миро Грчев, Младен Трендевски, Сали Ертунч, Сања Симоска, Селмир Алими – Есием, Зоки Мише – Шума, Трајче Павлов, Владимир Милиќ и Воскресија Андреевска.