Претходна статија
Официјално отворен автопатот Демир Капија - Смоквица
Следна статија
Владата ќе ја финансира изградбата на споменикот на Тоше Проески во Крушево

Во Мичурин ќе се гради нов парк

Објавено на 24.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Аеродром ќе гради нов парк спроти основното училиште „Блаже Конески“. „Старите игралишта што се наоѓаат на оваа локација во моментов имаат оштетени реквизити, урбаната опрема тука е застарена и нефункционална, а зеленилото запуштено“ информираат општинските власти. Општина Аеродром кон крајот на јануари годинава го објави огласот за изработка на проект за хортикултурно и партерно уредување на паркот Мичурин. Ова оштетено зеленило се протега на површина од 3.573 метри квадратни, а за негова идна ревитализација се издвоени околу 9.000.000 денари од општинскиот буџет.

 

*Извор на фотографија: Општина Аеродром

 

Новиот проект ги вклопува постојните елементи, односно детското и спортското игралиште, патеките и дрвјата и предвидува нивна целосна обнова, односно поставување нови и дополнителни реквизити и урбана опрема. Идејното решение максимално ќе ги користи постојните зелени површини, а проектирани се и нови зелени површини и богато хортикултурно уредување.

 

Од општина Аеродром информираат дека изградбата на паркот во Мичурин ќе започне веднаш по изработката на основниот проект и добивањето одобрение за градење.