Во 2017 година биле регистрирани 762 бесправно изградени објекти на ниво на целата земја. Според податоците на Државниот завод за статистика, дури 99,5% од сите дивоградби се во приватна сопственост. Според видот на објектот, бесправно се изградени 138 објекти за домување, 122 доградби, надградби и адаптации, 78 деловни објекти, 53 гаражи, 128 огради, 10 скалила, 15 тераси, 24 летни тераси, 65 настрешници, 34 времени објекти и 95 помошни објекти. Убедливо најмногу дивоградби во Македонија се регистрирани во Скопје, и тоа вкупно 157.
Помеѓу скопските општини, најмногу дивоградби во 2017 година биле регистрирани во Општина Карпош (39). Веднаш по македонскиот главен град, втора на листата според бројката на дивоградби е Општина Охрид, каде што лани биле пронајдени 68 нови дивоградби од локалните власти. Следни на листата се Општина Штип со 55 и Општина Струмица со 53 регистрирани дивоградби во текот на минатата година.