Четири државни градежни парцели близу Горно Коњаре кумановско, со површина од 15.839, 14.619, 11.954 и 10.412 метри квадратни, се продадени за цени помеѓу 71 и 161 денар за метар квадратен. Вкупната сума остварена од продажбата изнесува 6.304.054 денари. Намената на земјиштето е за изградба на лесна и незагадувачка индустрија. Сите парцели имаат предвиден процент на изграденост од 65% и имаат вцртано градежни маркички за објекти со приземје и два ката (максимална висина до венец од 12 метри). Купувачите се должни да обезбедат одобрение за градба во рок од една година, а проектите да ги реализираат во рок од шест години.