Претходна статија
Се реконструираат улиците во Бардовци
Следна статија
Кавадарци за четири месеци ќе добие целосно уреден кеј на реката Луда Мара

Во Куманово се продава земјиште за изградба на трговски центри, фабрики и хотели

Објавено на 08.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Куманово нуди на продажба и закуп девет градежни парцели за изградба на нови објекти на неколку локации на нејзината територија. Четири од локациите се наоѓаат во близина на селото Горно Коњаре и се наменети за објекти од лесната и незагадувачка индустрија, големи трговски центри и хотелски комплекс. Во населбата Зелен Рид се продава земјиште за изградба на две индивидуални куќи за домување, додека на локалитетот Стари Лозја се продава парцела за изградба на голем трговски центар. На долготраен закуп од 10 години ќе се издава една локација во самиот град, чија основа намена е за спорт и рекреација.

 

Почетната цена на огласеното градежно земјиште се движи од 35 до 643 денари за метар квадратен, а парцелите се со големина од 484 до 13.527 метри квадратни. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање треба да се достават најдоцна до 5 септември, заедно со задолжителната банкарска гаранција. Лицитацијата за земјиштето ќе се одржи на 7 септември.