Претходна статија
За дури 22,4% се зголемил бројот на завршени станови во 2012 година
Следна статија
„Гранит“ ќе реконструира три патни правци за 1,3 милиони евра

Во јубилејната 150-та година од основањето, GEZE ќе ги претстави своите најнови продукти во Македонија

Објавено на 23.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

GEZE GmbH ги кани сите свои партнери и заинтересираните фирми од градежниот бизнис да се запознаат со најновите продукти на компанијата за време на традиционалното роуд шоу.

 

#

 

 

Откако иновациите беа прикажани за прв пат на почетокот на годината, на престижниот меѓународен саем за градежништво BAU 2013 во Минхен, Германија, сега и претставниците на македонскиот градежен бизнис ќе имаат можност да ги разгледаат во живо.

 

На 3-ти и 4-ти октомври примерочниот камион на GEZE ќе биде во Скопје и посетителите ќе имаат можност да се запознаат со овогодинешните новитети на пазарот, како и да се консултираат во врска со комплексните системи и решенија кои ги опфаќаат сите групи производи на компанијата. Камионот ќе биде паркиран пред централната канцеларија на фирмата Темпо Профили ДООЕЛ, на адреса Качанички пат бр.210.

 

 

 

 

Накратко за производите на компанијата кои ќе бидат претставени, за прослава на 150 години од своето основање

 

 

GEZE системи за автоматски врати

Во фокусот на вниманието повторно се производите насочени кон непречен пристап до објекти и простории. Во таа категорија ќе биде прикажан еден уникатен целосно вграден автоматски механизам за отворање и затворање на врати со шарки – ECturn Inside. Тој е наменет за внатрешни врати и при затворена положба на вратата автоматскиот механизам е целосно скриен (во крилото или во касата).

 

#

Механизам за врати со шарки ECturn Inside (Ново 2013)

 

 

 

 

Технологија за врати

Повторно во врска со непречен пристап до згради и простории, ќе бидат прикажани два горни автомати (со шина и вграден) за еднокрилни врати со функција „freeswing“. Таа им овозможува на луѓето да поминат низ вратата со примена на многу мала физичка сила. Тоа ги прави овие производи исклучително погодни за примена во градинки, училишта, болници и домови за стари лица.

 

#

„Freeswing“ затворач на врати TS 5000 RFS 3-6 (Ново 2013)

 

 

 

 

GEZE RWA и технологија за прозорци

GEZE повторно ќе посвети сериозно внимание на вентилационите системи за одведување на чад и топлина (ВСОЧТ). Ќе бидат презентирани електрични механизми за прозорци со новиот, унифициран дизајн – GEZE ECchain, GEZE Slimchain, GEZE Powerchain и E 250 NT.

 

#

Chaindrive Slimchain и Chaindrive Powerchain

 

 

 

Ќе бидат претставени и новите системи за лизгачки врати Levolan 60, Levolan 150 SoftStopDuo и Perlan 140 SoftStopDuo. Од групата на производите за безбедност ќе бидат претставени новите системи и компонети за контрола на пристап.