„Inter Mall“ е името на новиот голем комерцијален објект кој денеска беше свечено отворен во општината Илинден. Зданието има површина од 14.000 метри квадратни и во него се вложени околу пет милиони евра. „Inter Mall“ ќе биде фокусиран на продажба на производи за изградба и уредување на домот – санитарија, керамика, градежна столарија, алати и бела техника.