Претходна статија
Втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“ во Скопје ќе голтне 10 милиони евра (ДОПОЛНЕТО)
Следна статија
„Принцес груп“ ќе инвестира во уште еден хотел кај преминот „Богородица“

Во градовите крнтии, меѓу градовите ќе сообраќаат автобуси со европски стандарди

Објавено на 10.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Приватните превозници и ЈСП-Скопје и понатаму ќе ги возат автобусите стари неколку децении во главниот град, а во исто време, автотранспортните компании од целата земја се приморани од 1 април 2015 година да вршат превоз со возила што ги задоволуваат најмалку ЕУРО 2 еколошките стандарди. Македонското собрание денеска ги усвои измените во Законот за превоз во патниот сообраќај, со кои се предвидува издавање на лиценца за меѓуградски и за меѓународен превоз на патници единствено на оние компании што ќе ги исфрлат од употреба старите автобуси. Покрај тоа што измените нема да важат за јавниот превоз во Скопје, тие нема да се однесуваат ниту за возилата со кои се врши такси превоз.

 

 

 

Донесените измени во Законот за превоз во патниот сообраќај доаѓаат по владиниот заклучок на оваа тема. Министерот за економија Беким Незири неодамна изјави дека со ваквиот потег ќе се намали бројот на автобуси со ЕУРО 2 стандарди и ќе се стимулираат компаниите да купат автобуси со ЕУРО 3 стандарди, чија бројка во моментов изнесува 131. Со најновите законски измени се овозможува автобуските билети за меѓуградски и за меѓународен превоз да се продаваат и по електронски пат, покрај досегашната пракса на нивно издавање на билетарите во автобуските станици.

 

 

Бојан Блажевски