Претходна статија
Гази Баба бара архитектонско решение за новата општинска зграда
Следна статија
Градежниците профитираат од инвестициите во инфраструктурата

Во „Дрисла“ се гради нова постројка за третман на индустриски отпад

Објавено на 22.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“ отпочна со реализација на еден од ветените проекти за модернизација на скопската депонија „Дрисла“. Изминатиов викенд стартуваше изградбата на постројка за третман на опасен и неопасен индустриски отпад, инвестиција во висина од 7,9 милиони евра. Постројката треба да се заврши во рок од четири години, односно најдоцна до крајот септември 2018 година. Официјално, инвестицискиот циклус во депонијата „Дрисла“ треба во наредните години да донесе вложувања во вредност од 73 милиони евра. Покрај веќе започнатиот проект, предвидено е запечатување на постоечкото тело на депонијата и изградба на ново тело.

 

* извор на фотографија: Град Скопје 

 

 

Во плановите на италијанската компанија влегуваат и изведба на систем за црпење и согорување на депониски гас, фабрика за пречистување на отпадни води, фабрика за селекција на отпад и создавање на РДФ алтернативно гориво, одделни постројки за третман на градежен, медицински и отпад од зеленило, шуми и биомаса. Покрај клучните објекти што треба да ја модернизираат работата на депонијата, планирано да се изградат нови административни зданија и перална за комуналните возила, но и да се набави нова механизација и опрема. Договорот за концесионерство на италијанските инвеститори им беше доделен од Градот Скопје во текот на 2013 година.