Куќата со адреса на булевар Климент Охридски бр.9 во центарот на Скопје, веднаш до седиштето на Владата на Република Македонија ќе премине во „барок“. Владината Служба за општи и заеднички работи денеска распиша оглас за избор на изведувач на фасадата на овој објект, со проценка дека зафатот ќе чини околу 110.000 евра. За оваа цел изминатиов период се работеше на идејно решение и основен ревидиран проект. Заинтересираните фирми треба да ги достават своите понуди најдоцна до 13 ноември, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Жолтата куќа треба да се „прилагоди“ на новата „барокна“ фасада на владиното седиште во бела боја.