Претходна статија
Конечно се најде изведувач за првиот затворен базен во училиштата во Карпош
Следна статија
Започна реконструкцијата на улицата „Втора македонска бригада“

Во Арачиново и Отља ќе се гради фекална канализација

Објавено на 21.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги распиша двата тендера за изградба на фекална канализација во населеното место Арачиново и во кумановското село Отља. Двата проекта треба да го решат деценискиот проблем со отпадните води од домаќинствата во овие населени места. Вкупната вредност на овие инфраструктурни зафати е проценета на околу 45 милиони денари. Селото Отља од Општина Липково треба да добие фекална канализација во период од 12 месеци, додека скопско Арачиново би се справило со отпадните води во рок од 16 месеци.

 

Тендерот за изведба на проектот во Отља е отворен за доставување понуди од компаниите до 10 август, додека понудите за зафатот во Арачиново ќе се примаат до 11 август. Изградбата на фекалната канализација во селото Отља беше заглавена во административните лавиринти повеќе од две години по потпишувањето на договорите за заштита и подобрување на квалитетот на водите во мај 2015 година. Во селото Арачиново веќе беше реконструиран ободниот канал за отпадни води, додека изведбата на фекалната канализација во населбата Сингелиќ започна во 2010 година, но не го опфати ова населено место во целост.