Претходна статија
Се подобрува економската состојба во градежниот сектор
Следна статија
За две плажи на Преспанско езеро ќе се потрошат 1,5 милиони евра

Во 2014 градежниците договориле повеќе зделки во странство

Објавено на 13.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во периодот јануари – декември 2014 година изнесува 6.363.706.000 денари (10,3 милиони евра), што е за 27,7% повеќе во споредба со 2013 година. Според Државниот завод за статистика, домашната градежна оператива во наведениот период на странските пазари извршила градежни работи во вкупна вредност од 994.215.000 денари (1,6 милиони евра), или 48% помалку во споредба со претходната година. Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Хрватска, Швајцарија и Србија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Косово, Австрија, Албанија и Црна Гора.