Во последните 20 години, користењето на енергијата во објектите е во значителен пораст. Годишниот пораст на потрошувачката на енергија изнесува 6,64%. Дополнително регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) испорача нова цена на електричната енергија за крајните потрошувачи која е поголема за 7,82% во споредба со претходната. Според експертите, континуираното зголемување на издатоците за електрична енергија кај домаќинствата и компаниите ќе продолжи со засилен тренд и во наредните години. Цената на електричната енергија во земјава досега се третираше како социјална категорија, што во голема мерка придонесуваше македонското општество да не размислува на штедење на енергијата. Но со постојаниот пораст на нејзината вредност, се поставува прашањето како да се намали потрошувачката. Светските пракси покажуваат дека со имплементација на мерки за енергетска ефикасност се постигнуваат заштеди и до 60%. Од друга страна, географската положба, расположливоста со природни ресурси и климатските фактори овозможуваат висок потенцијал за остварување на енергетска независност на економските субјекти и домаќинствата. Неминовно, инвестирањето во енергетска ефикасност се наметнува како начин на размислување кон подобрување на условите на живеење и работење, на електрична енергија во домаќинствата и компаниите?
Вложувањето на средства во нова фасада на објектот, нови електрични уреди или употреба на обновливите извори на енергија се вистинскиот одговор. ПроКредит Банка во согласност со стратегијата за здрава животна средина и подобри услови на живеење, на македонскиот пазар го пласираше ЕКО кредитот за инвестирање во подобрување на енергетската ефикасност на домаќинствата и претпријатијата.
Иновативната кредитна линија на ПроКредит Банка им овозможува на заинтересираните граѓани да инвестираат во изолационен материјал, опрема, апарати во објектите и возила кои користат помалку енергија и го намалуваат загадувањето на околината. Преку намалените каматни стапки до 2% и продолжениот рок на отплата до 15 години, ЕКО кредитите на ПроКредит Банка на граѓаните и стопанствениците им нудат извонредна можност за отпочнување проект за намалување на потрошувачката на енергија во сопствениот објект со што значително би се намалиле сметките за електрична енергија.
Стручните податоци од истражувањата за енергетска ефикасност ги засенуваат првичните предрасуди кај граѓаните. Подобрувањето на изолацијата на фасадата, ѕидовите и таванскиот простор доведува до заштеда од 20% во месечната сметка за електрична енергија, а промената на дотраените прозорци со нови топлотно ефикасни може да заштеди до 25% од вкупната потрошувачка на енергија. Инвестицијата во системи за поефикасно затоплување и ладење на просториите може да ги намали трошоците до 35%, а дополнителен бенефит е и заштитата на животната средина.
Колку порано се започне со вложувањето во намалување на потрошувачката на енергија, толку поголем е бенефитот преку снижувањето на цената на месечните сметки за енергија, покажуваат досегашните успешни примери.