Претходна статија
Отпочна процедурата за прогласување на Јабланица за национален парк
Следна статија
Градот Скопје ја презеде обврската за изградба на две монтажни гаражи во Клинички центар

Владата со 2 милиони евра ќе го намалува аерозагадувањето во градовите

Објавено на 23.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Објектите од јавен карактер во земјава ќе добијат нови еколошки грејни тела и прочистувачи за воздух. Владата на вчерашната седница ја усвои Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, со која е предвидено да се одвојат средства од 2 милиони евра за спроведување на директни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во најзагадените македонски градови. Со овие средства од државниот буџет ќе се менуваат постојните нееколошки системи за греење во домаќинствата, градинките, основните и средните училишта, здравствените објекти и административните згради. Воедно, планирано е да се набават и прочистувачи за воздух во јавните објекти во оние општини каде што загадувањето е најголемо.

 

 

Од владата информираат дека борбата против аерозагадувањето е зацртано да се заснова на 4 компоненти, и тоа мерки за директно справување со причините за загадувањето, градење на јавна свест од предучилишна до пензионерска возраст, регулаторни промени неопходни за транзиција кон енергетски систем со ниска емисија и имплементација на платформа за координација и следење на реализација на програмата. Во 2019 година е предвидено да се изработи и посебна веб – страница, на која ќе бидат наведени сите мерки што треба да се преземат од државните институции и од приватните субјекти за намалување на аерозагадувањето.