Претходна статија
Македонските туристички локалитети со нови содржини
Следна статија
Приватен инвеститор ќе го гради новиот градски пазар во Охрид

Владата најавува над 200 милиони евра за системите за наводнување

Објавено на 04.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонската влада изработи нов документ – Стратегија и реформи на системите за наводнување, со кој е предвидено во периодот од 2015 до 2025 година да се вложат преку 200 милиони евра во проширување и реконструкција на постојните и изградба на нови објекти во системот за наводнување на земјава. Изготвената стратегија е во форма на нацрт – документ, кој во текот на летото ќе биде презентиран пред сите релевантни фактори. Документот треба да биде усвоен најдоцна до септември откако ќе бидат анализирани сите предлози и забелешки.

 

Владиниот план предвидува во првите неколку години да се инвестираат околу 18 милиони евра во овие инфраструктурни објекти, додека во следните години средствата да се зголемат во износ кој нема да биде помал од 20 милиони евра на годишно ниво. Само во текот на годинава ќе започне изградбата на браната на Оризарска река во Кочани и на браната Коњско во Гевгелија, а истовремено се продолжува и со реализација на втората фаза од хидросистемите Злетовица и Лисиче.

 

Стратешкиот документ за развој на системот за наводнување е изработен од владиниот Комитет за наводнување, во чии рамки се вклучени земјоделските задруги, професори од оваа област, како и претставници на Владата на Р.М. и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.