Претходна статија
До крајот на годинава ќе бидат пуштени во употреба 14 километри од автопатот Кичево - Охрид
Следна статија
СДСМ бара одговори за новиот Клинички центар во Скопје

Владата ќе потроши 650.000 евра на фитнес зони низ земјава

Објавено на 05.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Откако поранешниот премиер Никола Груевски ја обелодени идејата за изградбата на фитнес зони, македонската влада се одлучи да ја оствари неговата замисла. Агенцијата за млади и спорт ја одбра фирмата „УРБАНО ЕЛ“ од Скопје за изградба на 20 фитнес зони низ македонските градови. Фитнес справите би се поставувале по парковите, кои се под ингеренција на локалните самоуправи. Опремата за спорт и рекреација е зацртано да се монтира во наредните 36 месеци, се вели во договорот објавен на веб-страницата на Бирото за јавни набавки. Во самата тендерска постапка учествувала само една компанија.

 

 

 

Од државниот буџет за реализација на фитнес зоните ќе се потрошат 39.999.876 денари, односно околу 650.000 евра. Тендерот за изведба на замислените простори за рекреација беше објавен во март 2016 година. Во функција на премиер, постоечкиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја најави својата замисла во октомври 2015 година.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk