Претходна статија
Неокласичната фасада победи на владината анкета
Следна статија
Се одолговлекува конечната одлука за „Чебрен“ и „Галиште“

Владата ќе гради најмалку 10 градинки низ целата земја

Објавено на 28.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски денеска најави започнување на нова поголема инвестиција за изградба на детски градинки на територијата на Македонија. Проектот е планирано да се реализира во соработка со Светска банка, а Министерството за труд и социјална политика веќе води две паралелни подготовки за проектот. За почеток, предвидена е изградба на 10 градинки.

 

„Едната подготовка ги лоцира потребите во која општина е потребна градинка или повеќе градинки и втората, паралелно со тоа, изработува два типски проекти на градинки – една помала и една поголема, за да не мора секоја градинка посебно да се проектира, бидејќи на тој начин би се изгубило многу долго време. Со овие два или максимум три типски објекти и со завршувањето на сите подготовки во втората половина на годината ќе започне изградба на барем првите 10 градинки“, изјави премиерот Груевски. Во Македонија подолго време се јавува голема потреба од отворање на нови образовни институции од овој вид, со оглед на податоците кои покажуваат целосна исполнетост на постоечките објекти.

 

 

Бојан Блажевски