Претходна статија
Ќе се утврдува потенцијалот на површинскиот коп „Брод - Гнеотино“
Следна статија
Реконструирана филтер станицата во Штип

Владата ќе го гради споменикот на Мајка Тереза на плоштадот „Македонија“?

Објавено на 17.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ако не успее  индискиот милијардер Субрата Рој, тогаш македонската влада ќе го гради споменикот висок 32 метри на плоштадот „Македонија“, јавува телевизијата „Алсат-М“. Во медиумскиот извештај се напоменува дека основниот проект за спомен – обележјето ќе се изготви врз основа на идејното решение на скулпторите Валентина Стефановска и Кирил Мукаетов, кое пак е различно од замислата за реализацијата на споменикот од страна на индиската компанија „Сахара груп“. Оваа компанија пред неколку дена соопшти дека ја комплетирала подготовката за обележјето на Мајка Тереза, без притоа да даде дополнителни информации за проектот.

 

*  Просторот на кој треба да се гради новото спомен – обележје на Мајка Тереза

 

 

Од друга страна, останува енигма и на кој начин ќе се врати државната сопственост врз земјиштето од 621 метри квадратни на плоштадот „Македонија“, откако градежната парцела минатото лето беше подарена на компанијата „Сахара глобал“. За реализација на домашната верзија на спомен – обележјето на Мајка Тереза е задолжено Министерството за култура. На веб – страницата на Бирото за јавни набавки пред неколку дена беше објавен склучениот договор за изработка на основен проект за објект со скулптурална композиција, но без притоа да се именува планираното здание. Во согласност со потпишаниот договор, Градежниот институт „Македонија“ ќе ја создаде проектната документација за 2.808.400 денари или околу 45.000 евра.

 

 

Бојан Блажевски