Претходна статија
Во „Св. Јован Бигорски“ осветени конаците Горни и Источен Палат
Следна статија
Голем интерес за изградба на куќи и хотел на Мавровското езеро

Владата инвестира во продавници за здрава храна

Објавено на 27.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го избра архитектонскиот труд на авторите Андреј Клинчаров и Марија Треневска за ентериерот и опремувањето на најавените специјализирани продавници за органска храна што ќе ги отвора македонската влада низ градовите во земјава. До министерството пристигнале две идејни решенија, при што жири – комисијата утврдила дека конкурсното дело на Клинчаров и Треневска е најадекватно и најиздржано во однос на внатрешното уредување на просторот. Авторите на победничкиот архитектонски труд се стекнаа со прва награда во износ од 30.000 денари.

 

 

Проектот за отворање специјализирани продавници за органска храна е вметнат во Програмата за работа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2015 година. Засега нема подетални информации за начинот на кој ќе профункционираат овие комерцијални објекти, ниту пак колкав ќе биде нивниот број низ целата територија на земјава.

 

 

Бојан Блажевски