Претходна статија
Кумановската болница наскоро со нов ургентен центар
Следна статија
Земјоделците од Дебарско догодина ќе може да ги наводнуваат нивите

Владата го задолжи АДСДП за изградба на Домот на спортовите во Скопје

Објавено на 20.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонската влада на денешната седница ја усвои Информацијата за изградба на Домот на спортовите, којшто во иднина би се градел спроти фудбалската арена „Филип Втори“ во Скопје. АДСДП во соработка со Агенцијата за млади и спорт се задолжени да обезбедат координација и административна поддршка за реализација на проектот и да ја известат владата за неговата реализација во рок од шест месеци. Со ваквата одлука на извршната власт се очекува конечно да се помрдне од мртва точка идејата за изградба на неопходниот олимписки дом во Скопје.

 

 

Премиерот Зоран Заев во неколку наврати годинава изјави дека изградбата на Домот на спортовите би чинела околу 2,5 милиони евра, а објектот би обезбедил сместување на сите 32 национални спортски федерации. Во функција на реализација на проектот, Македонскиот олимписки комитет (МОК) пред две години спроведе Конкурс за избор на идејно – архитектонско решение за изградба на административно – деловниот објект. На почетокот од 2017 година беа избрани архитектонските трудови врз чија основа би се изградила идната „олимписка куќа“ во Скопје.