Претходна статија
Во затворот „Идризово“ ќе се гради нова ограда
Следна статија
Со претстојниот кредит од ЕБОР можат да се купат и до 50 автобуси за ЈСП - Скопје

Викендов завршува 27. Меѓународна летна школа по архитектура во Лазарополе

Објавено на 12.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Лазарополе деновиве е домаќин на 27. Меѓународна летна школа по архитектура, организирана од Архитектонскиот факултет при УКИМ. Претстојниот викенд е предвидено да се одржи затворањето на традиционалната манифестација, која ќе вклучи организирање на завршна изложба на студентските трудови и доделување на дипломи на учесниците. Овогодинешното издание на летната школа е под раководство на универзитетскиот професор Бојан Каранаков, а гости тутори и раководители на архитектонската работилница се еминентните архитекти Јурген Пацак-Пор и Михаел Фон Матушка од проектантското биро БАРАрхитектен од Берлин, во соработка со архитектот и урбанист Конор Молони од Лондон.

 

Централната тема на која работат студентите по архитектура (ИГРАТА) е замислено да биде експериментално архитектонско истражување што допира различни академски полиња: урбани, социолошки и економски. Летната школа ќе овозможи експериментирање во реален обем со користење на традиционалните градителски техники и процесно – ориентирана анализа на постојната архитектонска состојба во Лазарополе, водејќи кон игрива шпекулација за идниот развој на ова место.