Претходна статија
Напролет ново градилиште на кејот
Следна статија
„Ренесанса“ во ЈСП

Веро Центарот го добива својот лик

Објавено на 22.12.2009 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Карабината на големиот треговски центар на Веро спроти НБРМ пополека се затвара. Поставени се фасадните профили, а напредува и застаклувањето. Првично беше најавено дека отварањето ќе биде до крајот на годинава, но извесно е дека рокот ќе биде пробиен. Од Веро засега не откриваат колкаво ќе биде одлагањето.


Атрактивната парцела со големина од 10.934 метри квадратни државата ја  продаде на лицитација во 2005. Грчката компанија, во конкуренција со словенечки Меркатор, српската Делта-М и домашната Интер Инженеринг, го доби земјиштето за цена од 5,5 милиони евра, односно 510 евра за квадрат. Поради имотно-правни спорови долго време се одложуваше почетокот на изградбата. Со активност на терен се стартуваше во 2007, но ефективни и непрекинати градежни работи почнаа дури во 2008.


„Веро Центар“ е инвестиција вредна 40 милиони евра, иако првичните најави се движеа помеѓу 20 и 25 милиони. Објектот ќе располага со 40.000 метри квадратни и околу 600 паркинг места. Покрај продавници и угостителски локали, во него ќе биде сместен и огромен супермаркет „Веро“ со површина од 5.000 метри квадратни.




Форумска дискусија за овој проект –> овде