Претходна статија
Уставниот суд ја аминуваше изградбата на десеткатница на Водно
Следна статија
Жерновски: ДУП-овите во Центар се нелегално донесени

Вера Ќосевска лауреат на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2014 година

Објавено на 25.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Асоцијација на архитекти на МакедонијаАсоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) ја додели наградата „Андреја Дамјанов“ за 2014 година на архитект Вера Ќосевска. Наградата за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството беше традиционално доделена во црквата „Рождество на пресвета Богородица“ во Скопје. Според претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ – Јовановиќ, творештвото на архитект Вера Ќосевска е бескомпромисно, без манипулации, дилеми, недоречености, творештво без интрига.

 

Образложувајќи ја одлуката на Комисијата за доделување на наградата, нејзиниот претседател Ѓорѓи Константиновски ги нагласи сите дела зад кои стои потписот на лауреатот. „Вера Ќосевска е една од носителите на современата архитектура во Македонија“, рече Константиновски. Заблагодарувајќи се на наградата, Вера Ќосевска изјави дека архитектурата секогаш бара целосна посветеност и вложеност, познавање на минатото, но и следење на новите текови.

 

Наградата  на Асоцијацијата на архитекти на Македонија за животно дело и особени достигнувања во архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов“ традиционално беше доделена по 25-ти пат.