Претходна статија
Наскоро ќе почне изградбата на новата сообраќајница меѓу Аеродром и Ќерамидница
Следна статија
Во јули издадени одобренија за изградба на 648 нови станови

Васил Велков победник на архитектонскиот Конкурс за затворен олимписки базен

Објавено на 10.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Агенцијата за млади и спорт го избра идејното решение на архитект Васил Велков за победничко на распишаниот Конкурс за проектирање на затворен олимписки базен. Овој автор се стекна со првата награда во вредност од 50.000 денари. Второ рангирано идејно решение е на авторите Димитар Крстески и Александар Богоевски, додека третонаграден е трудот на Енес Север и Љавдрим Реџепи. На распишаниот Конкурс биле доставени три идејни решенија. Конкурсните решенија требаше да го определат изгледот на типски објекти што ќе се градат на неколку локации низ земјава.

 

 

Овие затворени олимписки базени би се граделе во склоп на постоечки спортски комплекси, училишни дворови или други општински објекти. Агенцијата за млади и спорт би инвестирала во вакви зданија, кои би имале базенско корито со должина од 25 метри, ширина од минимум 8,8 метри и длабочина од 0,8 до 1,4 метри. Затворените базени би имале санитарии, соблекувални, туш кабини и трибински простор за одржување натпревари. Со нивната изградба би се создале услови за развој на пливачкиот спорт во оние македонски општини каде што во моментов нема објекти од ваков тип.

 

Конкурсот за избор на идејно решение за затворен олимписки базен беше објавен кон крајот на јуни годинава.