Претходна статија
Се стабилизира цената на становите во Скопје
Следна статија
Прв станбен комплекс во зимско - рекреативниот центар Маврово

„Ван Хол“ гради втора фабрика во ТИРЗ „Скопје 2“

Објавено на 18.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во индустриската зона „Бунарџик“ денеска започна изградбата на втората фабрика на белгиската компанија „Ван Хол“. Со најновата инвестиција е предвидено за двојно да се зголеми производството на автобуси. Проектот вреден 17 милиони евра ќе се реализира во три фази. Во првата етапа ќе се гради нов магацин за потребите на белгискиот производител, кој треба да биде комплетиран до септември годинава. До април 2017 година ќе се отворат четири нови производствени линии со кои двојно ќе се зголеми производството на автобуси. Третата етапа ќе опфати изведба на дополнителна комора за фарбање на автобуси најдоцна до август 2017 година.

 

 

 

Со новата инвестиција на „Ван Хол“ ќе се отворат нови работни места за 450 лица, а ќе се овозможи индиректно вработување и за 100 дополнителни лица. Белгиската компанија во земјава досега вложи 25 милиони евра во својот производствен погон во ТИРЗ „Скопје 2“. Нивната прва фабрика беше свечено пуштена во функција во мај 2014 година.