Претходна статија
Струмица ќе гради нови 6,5 километри гасоводна мрежа
Следна статија
„Скопје 2014“ досега проголтал над 560 милиони евра јавни пари

Утре се отвора изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“

Објавено на 25.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во рамки на одбележувањето на 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, утре (26.07.2015) во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“. Концептот на изложбата е да го прикаже централното градско јадро во периодот пред и по земјотресот, заклучно со периодот до 80-те години на минатиот век. Изложбената поставка е оформена со фотографии од изложбата „Напоредни фотографии на Скопје“ реализирана во истиот музеј во осумдесеттите години на XX век и изборот на фотографии од Киро Георгиевски, кои се употребени за изложбата „Старо Скопје“, реализирана во 1993 година.

 

 

 

Посебен фонд во склоп на изложбата претставуваат документарните фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот. Станува збор за фотографски материјал што е дониран од семејството Битољану. Фотографот Петернек е еден од најпознатите српски фотографи, кој бил ангажиран од властите непосредно по скопскиот земјотрес за документирање на големата природна катастрофа.

 

„Преку презентираниот материјал може да се види забрзаниот растеж и развиток на градот кој, со катастрофалниот земјотрес, беше прекинат, а потоа, многу ентузијастички, продолжен во насока на модерниот концепт за град на иднината“, се вели во соопштението на Град Скопје по повод претстојната изложба „Скопје 1963 – пред и потоа“.