Претходна статија
ЕЛЕМ нема да ја гради „Рајската градина“ во Аеродром и ски - центарот на Водно
Следна статија
150 милиони евра од Светска банка за развој на транспортот на Западен Балкан

Утре протест пред владата за запирање на изградбата на рудникот Казандол

Објавено на 07.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Граѓаните од југоисточниот дел на земјава утре ќе организираат протест пред седиштето на владата во Скопје за запирање на изградбата на рудникот Казандол во Валандово. Покрај во главниот град, во Валандово во истото време ќе се одржи паралелен марш во организација на здруженијата „Спас за Општина Валандово“ и „Југоистокот против рудници“. Скопскиот протест е поддржан од невладината организација „Плоштад Слобода“, која ги повикува сите граѓани на Скопје да им се придружат на активистите.

 

„Да покажеме солидарност со нашите сограѓани, да покажеме став против, да побараме итно сопирање на изградбата на рудникот! Да се собереме пред Влада на РМ да го покажеме нашиот протест и директно да го доставиме барањето за мораториум на граѓаните од Југоистокот“ се наведува во повикот до граѓаните.

 

Граѓанската иницијатива за запирање на изградбата на рудникот Казандол веќе резултираше со одржување на три референдуми во Валандово, Богданци и Дојран. И покрај ваквите активности на невладиниот сектор, изградбата на рудникот за катоден бакар во Казандол, Валандовско не е сопрена. Изградбата на идниот рударски капацитет се одвива речиси една и пол година, а англиско-украинската компанија „Сардич МЦ“ во овој проект сака да инвестира 35 милиони евра.