Претходна статија
Кредит од ЕИБ за автопатот Демир Капија - Смоквица
Следна статија
Зголемен интерес за инвестирање во недвижности во Југоисточна Eвропа

Уставниот суд собори одредби од Законот за градење и од Законот за просторно и урбанистичко планирање

Објавено на 03.02.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Уставниот суд ги укина членовите 138 и 140 од Законот за градење, со кои се предвидуваше сопствениците на целосно или делумно дивоизградени објекти да плаќаат пенали без право на жалба и во рок од три години сами да го урнат објектот, во спротивно државата да може да го одземе имотот, вклучувајќи го и замјиштето. Судот утврдил дека таквиот начин на конфискацијата го повредуваа уставно загарантираното право на сопственост, со оглед на тоа дека не прави дистинкција помеѓу легално и дивоизградените делови на објектите. Мерката за плаќање пенали е укината затоа што не била оставена можност за жалба.


Укинати се и четири члена од Законот за просторно и за урбанистичко планирање (5, 17а, 50 и 50а) кои овозможуваа интервенции во урбанистичките планови само со одлука на градоначалник или на министер, преку процедура за донесување на Локална или Државна урбанистичка планска документација. Според уставните судии на таков начин се воведува паралелен систем на урбанистичко планирање и се нарушуваат законски воспоставените механизми за транспарентност при донесувањето урбанистичките планови.