Претходна статија
ЕЛЕМ планира да гради концентрирачка соларна електрана во близина на РЕК Битола
Следна статија
2,3 милиони евра за довршување на градскиот водовод во Тетово

Успешно реализирана 21-та Меѓународна летна школа за архитектура

Објавено на 08.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Манастир Св. Јоаким ОсоговскиСо изложба во конакот на манастирот Св. Јоаким Осоговски на делата од работилницата која се одвиваше во рамките на манифестацијата, заврши 21-та Меѓународна летна школа за архитектура – сесија 2012. Во периодот од 30 јуни до 8 јули во работата на школата учествуваа студенти и наставници по архитектура од земјава и од странство. Оваа година работилницата и предавањата ги водеше познатиот грчки архитект и едукатор Елиа Зенгелис, а во фокус на интересот на учесниците беше темата „Пејзажот и границите на архитектурата“.

 

Архитектите од Меѓународната летна школа го посетија новоуредениот локалитет покрај испосницата на Св. Јоаким Осоговски во с. Градец и дадоа предлози за натамошен развој преку градби во функција на развој на туризмот кои нема да ја нарушат автентичноста на самото место. Традиционален организатор на манифестацијата е Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, во соработка со манастирот Св. Јоаким Осоговски, општина Крива Паланка и Министерството за образование и наука.