Стартуваше изградбата на нова фабрика во слободната економска зона „ТИРЗ Скопје 1“ кај Бунарџик. Се работи за инвестиција во висина од 6,5 милиони евра на фармацевтската компанија Саген од Република Албанија. Фабриката ќе произведува инфузиони раствори и генерички лекови, а во првата фаза ќе отвори 53 нови работни места. Според бизнис планот на компанијата, во втората фаза инвестицијата треба да достигне 20 милиони евра со вкупен број на 300 вработени.
„Во објектот во Скопје со напредна најсовремена технологија ќе се произведуваат стерилизирани фарамцевтски производи кои ќе можат да се извезуваат насекаде во светот. Ќе има и специјализирана лабораторија што ќе ги исполнува европските стандарди и GMP нормите“, рече сопственикот на компанијата Исуф Бербери.
„Во изминатиот период сведоци сме дека стартуваше градба на фабрики на околу 15 компании, а само во последните недели се градат фабрики кои ќе вработат над 2000 луѓе“, нагласи пред присутните вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој беше еден од претставниците на Владата присутен на церемонијата.